Предмет: Покана за следење на јавната дебата на тема ,,Како Република Македонија да дојде до суштински судски реформи ?,,
Во рамките на “Транспарентност-Нулта корупција” секојдневно функционира канцеларијата за правна помош на граѓаните (Advocacy & Legal Advice Center – ALAC), проект подржан и координиран од седиштето на Transparency International во Берлин. Проектот има за цел да ги охрабри граѓаните активно да учествуваат во борбата против корупцијата.
Најголемиот број на претставките на граѓаните се однесуваат на судството, односно на работењето на судиите. Според перцепцијата на граѓаните судовите се најкорумпирани органи во државата и со најниска доверба.
Иако во секое општество судовите треба да претставуваат највисок гарант за заштита на човековите права, во Република Македонија е обратно, токму судовите се најкритикуваните.
Започнатите реформи во правосудниот систем сеуште не почнале да ги даваат очекуваните резултати. Измените кои требаше да обезбедат ефикасност и непристраснот на работата на судската власт, граѓаните се уште не почнале да ги чувствуваат.
Поаѓајќи од овие сериозни показатели на граѓаните кон работата на судовите, а со цел да се придонесе на подобрување на сотојбите во оваа многу важна и чувствителна сфера во општеството, Транспарентност-Нулта корупција организира јавна дебата на тема ,,Како Република Македонија да дојде со суштински судски реформи,,.
Јавната дебата ќе се одржи на 30.09.2009 г. (среда) во хотелот ,,Стоун Бриџ,, во Скопје со почеток во 10 часот.