Посебен проблем се меѓународните, каде што од инвеститорите отворено се бараа одредена сума за да им се овозможи победа и“вели Андреј Жерновски, потпретседателот на ЛДП. Според него, фарса е кога власта се повикува на кризата и на НАТО за да ги оправда неуспешните тендери и бегањето на инвеститорите. – Не не одбегнуваат зашто е криза, туку затоа што бараме пари од потенцијалните инвеститори. И не случајно, странците кога ја оценуваат деловната клима за инвестирање, секогаш алудираат на рекет од страна на државните органи и администрација и затоа бараат државата да создаде „попријатна“ деловна атмосфера и“вели Жерновски.
Професорката на Универзитетот ФОН, Марија Зарезанкова – Потевска, вели дека тендерите најчесто паѓаат поради пропустите направени во подготовката, што за неа е многу индикативно бидејќи за оваа проблематика, вели, имаме добри закони, кои точно утврдуваат како да се подготви еден тендер. – Но, има и друга страна. А, тоа е, пропустите да се прават намерно, по нечиј налог. Тогаш веќе се вмешани политички или други интереси, кои, главно, се спротивни на законските барања и“подвлекува Потевска. Според неа, постои голема несериозност од страна на државата кога им дава лажна надеж на потенцијалните учесници во постапката, а потоа се уриваат тендерите. Тоа, вели Потевска, ја вбројува државата во земјите на кои се гледа со недоверба. – Постои недоверба во институциите бидејќи нема правна држава, туку владее непотизам – вели Потевска.
Пропаѓањето на тендерите поранешната министерка за економија, Вера Рафајловска го поврзува со несериозната подготовка и со големиот број празнини што се оставаат, а кои подоцна создаваат проблеми и отвораат можности за манипулирање. – Државата мора да знае што сака да постигне со распишување тендер. Треба добро да ги утврди сите технички параметри, да ги согледа финансиско- економските ефекти што сака да ги постигне, па дури потоа да подготви тендерска документација што ќе одговара на интересите на државата и“вели Рафајловска. Ако ги има овие параметри, смета Рафајловска, државата многу лесно може да преговара со евентуалните инвеститори и да направи договор што ќе ги задоволи барањата на двете страни. – Но, ако се оди само со желби на лист хартија, без да се знае што добива државата од тендерот, се одолжува постапката, се менуваат условите, се завршува како несериозна држава и“вели Рафајловска.
Слаѓана Тасева, претседателка на невладината „Транспарентност – Нулта корупција“, пак, вели дека тендерите пропаѓаат поради корумпираната власт, но итаа ја акцентира недоволната подготвеност на документацијата. – Нема во светот пример на распишување тендер како кај нас. Инвеститорот прво мора да се договори во некој владин кабинет, па потоа да биде распишан тендерот за да учествува на него. Потоа, му се менуваат условите и тој се откажува. Самиот факт што инвеститорот се договара во владин кабинет пред да учествува на тендер не говори добро за државата и отвора сомнеж за местење на тендерите – вели Тасева. Оттука, вели таа, и практиката инвеститорите да не се третираат рамноправно. Едни се фаворизираат и ги добиваат сите потребни информации, а другите, поради застарени информации, немаат јасна ситуација пред учеството на тендерот. – Тоа се работи што треба да ги преиспита јавниот обвинител бидејќи само тој може да утврди дали во неуспешните и поништени тендери и водењето на постапката имало корупција и“вели Тасева. Според неа, во државава нема доволно квалитетни стручњаци, кои би подготвиле издржан тендер. – Тендерите се прават без претходна анализа. Им се дава лажна надеж на инвеститорите и потоа се менуваат критериумите. Сето тоа дава слика на несериозна држава за каква што веќе не сметаат странците, кои се повеќе ја одбегнуваат Македонија како инвестициска дестинација – вели Тасева.
Од министерствата за економија и за транспорт и врски, каде што се регистрирани најголем број пропаднати, пред се меѓународни тендери, велат дека тендерите пропаѓаат поради севкупните економски услови, но и поради административни причини, неплаќање на банкарската гаранција и откажување на учесниците. -Точно е дека повеќето од тендерите немаат позитивна завршница. Државата се обидува да прифати најголем дел од забелешките на учесниците на меѓународните тендери, но приоритетите на инвеститорите се променија и тие ги пренасочија инвестициите во соседството поради поповолни услови – вели портпаролот на министерството за економија, Исмаил Ебипи.
Познавачите на тендерската постапка велат дека е непишано правило при секој тендер да се зема одредена „провизија“ од учесниците, ако сакаат да ја добијат зделката. Најчесто се калкулира со 10 проценти од вкупната вредност на тендерот без ДДВ. За меѓународните тендери, можеби, процентот е понизок, велат, но добивката е многу повисока бидејќи се работи за инвестиции од неколку десетици милиони евра. Ова го потврдуваат компаниите што се обиделе да преговараат за добивање тендер. Меѓутоа, официјално, инвеститорите бараат реформи во администрацијата, во банкарскиот систем, во правосудството и во локалната самоуправа. Се жалат дека им се нудат стари и непрецизни податоци. Голем дел од нив, дури 40 проценти, деловната клима во државава ја оценуваат како лоша. Повеќе од 30 проценти од нив тврдат дека нема повторно да инвестираат во Македонија.Нема тендер во прво издание
Во клучните сектори енергетика и транспорт, тендерите траат по неколку месеци и доживуваат по неколку изданија. Последниот тендер за ХЕЦ „Бошков мост“ пропадна деновиве, за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ е распишан втор тендер. Вардарска долина е пред пропаѓање. Двокатните автобуси по четвртипат е неуспешен, а концесијата за патиштата го доживува третото издание.
Жерновски:Бараат мито !
Во разговор со амбасадор на една странска држава ми беше кажана вистинската причина поради која еден од учесниците на тендер во енергетскиот сектор подигнал документи, но не се јавил на тендерот, ни открива потпретседателот на ЛДП, Андреј Жерновски.
– На инвеститорот преку домашен претставник на „странска“ консултантска фирма му бил побаран фрапантен износ на пари за да биде избран за најповолен. Потенцијалниот инвеститор се откажал од натамошното учество и сега гради во соседна Албанија – вели Жерновски.
Повеќе жалби од тендери
Во последниот извештај на Државната комисија за жалби, кој се однесува на периодот од ноември минатата година до крајот на март годинава, стои дека од 500 склучени договори за јавни набавки, за 482 се поднесени жалби. Нема посебен податок за меѓународните тендери.
Обемот на јавни набавки во минатата година е драстично зголемен и тежи приближно половина милијарда евра или седум проценти од домашниот бруто-производ, што е за 26 проценти повеќе од 2007 година.
Извор : Време