15.10.2009 Недоволно ефикасна борба против корупцијата е критиката на Европската комисија во годишниот извештај за напредокот во евроинтегративниот процес на сметка на речиси сите земји на западен Балкан.
Она што може да се види на прв поглед како заедничка и тоа негативна ставка во извештаите за напредокот на скоро сите држави на западен Балкан се лошите резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Драго Кос претседател на групата држави на Советот на Европа, за Дојче веле ги коментирал наводите на ЕК за недоволно ефикасната борба против корупцијата на западен Балкан.
“Европската комисија е целосно во право. Сите овие земји имаа многу големи проблеми со корупцијата. Тоа не е ситуација само денес, тоа произлегува од историјата. Разликите, меѓутоа постојат кога ќе погледнеме што тие земји работат со проблемот корупција“, изјавил Кос.