Македонија во извештајот за 2009 година се наоѓа на 34 место со 8,75 негативни поени, додека лани била на 42. со 8,25 негативни поени. Во извештајот вкупно се рангирани 175 земји.
После Македонија од земјите во регионот најдобро рангирана е Грција (35), Словенија е 37, БиХ е 39, Романија е на 50 место, следат Србија (62), Бугарија (68), Косово (75), Црна Гора (77), кај Хрватска (78) е регистриран голем пад поради убиствата врз новинарите, додека Турција е (122).
Од поширокиот регион најголеми медиумски слободи има во Унгарија и на Кипар, кои го делат 25 место.
На првите пет места се наоѓа квинтетот северноевропски држави – Данска, Шведска, Ирска, Норвешка и Финска – кои немаат ниту еден негативен поен.
РСФ во извештајот нагласи дека оваа година продолжил падот на медиумските слободи во бројни европски земји, додека со изборот на Барак Обама за претседател се зголемиле слободите на медиумите во САД
„Европа би требало да биде пример за почитување на граѓанските слободи. Како можете да го критикувате непочитувањето на човековите права во другите земји, доколку самите дома не се однесувате како што треба", коментира Жан Франоса Жулиард, генерален секретар на РСФ.
Поредокот во годинешниот извештај се темели исклучиво на ситуацијата меѓу 1. септември 2008. и 1. септември 2009. и не претставува општа слика за човековите права во некоја земја туку само ја претставува состојбата со медиумските слободи.
Извор: Макфакс