06.11.2009 Транспарентност Нулта-корупција, со поддршка и во соработка со владата на Кралството Норвешка и нивната амбасада во Република Македонија, го реализира проектот „Подобрување на изборниот систем во Република Македонија“. Во тие рамки е и одржувањето на Тркалезната маса/Работилница со наслов „Подобрување на системот за транспарентно и отчетно финансирање на политичките партии и на изборните кампањи во Република Македонија“, што ќе се одржи на 6,7 и 8 ноември во Маврово.
На оваа Тркалезна маса, со која ќе раководи проф. д-р Слаѓана Тасева, ќе учествуваат експерти и професори од земјава и странство, амбасадори или претставници на амбасади во Република Македонија, претставници од институции што се поврзани со оваа проблематика (Министерство за правда, ДИК, ОБСЕ/ОДИХР, Совет за радиодифузија, Државен завод за ревизија, Антикорупциска комисија, Здружение на новинари и други), како и претставници на значајните политички партии во земјава.
Поздравни обраќања, покрај проф. д-р Тасева, ќе имаат и НЕ Кјетил Паулсен, амбасадор на Кралството Норвешка и г-дин Дамијан Седар, политички советник во Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ во РМ.