10.11.2009 Земјите кои го потпишаа договорот на Обединетите нации против корупцијата се на состанок во Доха, Катар оваа недела за да ја разгледаат имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата. Ова е третата сесија на Конференцијата на државите членки на оваа конвенција, која стапи во сила во декември 2005 година.
Седницата била отворена од страна на Јавниот обвинител на Катар, Др. Али Ал – Мари, во присуство на неговото височество, шеикот Тамин Бин Хамад Ал – Хани. Др. Ал – Мари ја опиша конференцијата на државите членки како “ меѓу владин пар екселанс форум за борба против корупцијата“.
Извршниот директор на канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), Антонио Мариа Коста, ја нарече корупцијата “причина и последица“ на финансиската криза. Тој ги критикуваше владите што му дозволиле на системот да излезе од контрола, а на финансиерите и корпорациските магнати им дозволиле претворање на нивните зделки во игра наречена како “бесплатно за сите“.
Тој ги повика сите држави да и се претстават на кризата со светла страна со користење на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата како “ план за враќање на довербата на пазарите, бизнисите и владата“.
Г-дин Коста нагласи дека “корупцијата може да се спречи, не е животен факт, или дел од бизнис“.
UNCAC содржи превентивни мерки што се однесуваат на јавниот и на приватниот сектор. Нивното имплементирање се разгледува во Доха.
Една од главните теми на дискусија во Доха е создавање на механизам за повторно оценување за имплементација на договорот. “Во моментов, корупцијата е во окото на очевидецот – не постои начин како таа да се измери“ – рече Г-дин Коста. Механизмот за повторно оценување, за првпат, им овозможува на државите да видат колку ефикасно се борат против корупцијата, и идентификација каде е потребен поголем напредок. Намерата е да се создаде механизам кој е транспарентен, ненаметлив, сеопфатен и фер. “ Мора да биде техничко меѓу владино оценување за да се мери напредокот, а не игра на име и срам“ – изјавил Г-дин Коста. Шефот на UNODC ги повика земјите членки да го “запечатат договорот“ на механизмот за повторно оценување кога ќе биде заклучокот на средбата во петок.
Конференцијата на држави членки е посетена од преку 1000 делегати од 125 земји, како и претставници на граѓанското општество, меѓународни организации, парламенти, медиуми и претставници на приватниот сектор.