17.11.2009 Индексот на перцепција за корупцијата 2009 година (ИПК) покажува дека корупцијата останува сериозен предизвик за целиот регион. Сите земји од регионот постигнаа резултат резултат понизок од 5 ( од вкупно 10) што укажува дека тие се соочуваат со сериозни нивоа на перцепирана корупција во домашниот јавниот сектор.
Во Југоисточна Европа, важноста на потенцијалното членство во Европската Унија неможе да се прецени доколку се смета за главен двигател кој ќе ги поттикне напорите против корупцијата. Замрзнувањето на фондовите за средства во 2008 година претходно доделени на Бугарија, поради недостаток на напредок во борбата против корупцијата и судските реформи, се чини дека ја зајакна позицијата на Европската комисија во нејзините барања за реформи. Не е случајност што тонот на извештаите на Европската Унија за напредокот на кандидатите за пристапување издадени во октомври 2009 година, се софпаѓа во голема мера на оценките во ИПК.
ipk_2009_prezentacija_press 189.51 Kb
lista_na_drzavi_ipk_2009 58.13 Kb
ipk_najcesto_postavuvani_prasanja 93.91 Kb
Имено, во 2009 година оценките на ИПК за Турција и Хрватска ( двете кандидати за членство во ЕУ) 4.4 и 4.1, ги надминаа оние од најновите членки на ЕУ Бугарија и Романиија , и двете оваа година со 3.8.
Разни корупциски скандали, заедно со недостатокот на спроведување и примена на антикорупциски реформи, најверојатно се факторот за тоа што Босна и Херцеговина има најниска оценка (3.0) во Југоисточна Европа.
Многу земји од поранешниот Советски Сојуз го подобрија својот Индекс оваа година. Казакхстан напредна од 2.2 на 2.7, а тоа се должи на владините антикорупциски напори насочени кон подобрувањето на условите за странски директни инвестиции, заедно со многу дискутираното претседателство на земјата со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2010 година. Казакхстан е првата земја од од поранешниот Советски Сојуз што ќе ја превземе оваа улога, а исто така се смета дека има најсилна економија во регионот. Сепак ниските оценки на Индексот покажуваат дека корупцијата во Казакстан останува систематска, со најпроблематични области како судство, полиција, царина, имотни права регистрација на земјиште и градежни проекти.
И покрај тековните внатрешни превирања, и војна со Русија во август 2008 година, ИПК на Грузија продолжува да расте од 3.9 до 4.1. Постои општ консензус меѓу Грузијците и меѓународната заедница дека ситната корупција е значитечно намалена. Сепак останува загриженоста во врска со корупцијата на високо ниво и на коруптивните практики во судството. Владата треба да се фокусира на промовирање на поголема транспарентност и јавна доверба во антикорупциските агенции и треба да се обезбеди постојан мониторинг и оценка на реформите во оваа сфера.
Малиот скок на Русија од 2.1 во 2008 година, со 2.2 во 2009 година може да се толкува како благо позитивен одговор на неодамна усвоениот пакет на антикорупциско законодавство иницирано и промовирано од страна на претседателот Медведев и усвоен од страна на руската Дума во декември 2008 година. Претседателот неодамна призна дека корупцијата во Русија е ендемична. Прекумерната улога на владата во економијата и бизнис секторот, кој што ја поттикнува понудата на корупцијата, го влошува проблемот.
Азербејџан го подобри својот резултат од 2008 година од 1.9 за оваа година да има 2.3, а тоа е најверојатно како резултат на владините заложби во подобрувањето на деловната клима и зголемувањето на општата свест за значењето на борбата против корупцијата. Владата треба да ги подобри процедурите за спроведување на законот за да се осигураат дека антикорупциската легислатива делува.
Индексот на перцепција на Ерменија продолжува да се движи од 2.8 во 2008 година на 2.7 оваа година. Политичката и економската елита продолжува да врши контрола над судството, медиумите, бизнис и други институции. Продолжува недоследноста во спроведувањето на антикорупциското законодавство, и во исполнувањето на меѓународните обврски, како и неподготвеноста на властите да се справи со корупцијата, се меѓу повеќето критични фактори кои придонесуваат да се продолжи со намалувањето на резултатот на земјата.
Политичките превирања во Украина придонесоа за падот на оценка од 2.5 до 2.2 во 2009 година. Политичката корупција, корупцијата поврзана со јавниот и приватниот сектор, заедно со високите нивоа на толеранција кај граѓаните во поглед на корумпирани практики, предвидуваат мрачна перспектива.
|
|
|
|
|
|
|
Rank |
Regional Rank |
Country / Territory |
CPI 2009 Score |
90% Confidence Interval |
Surveys Used |
|
Lower bound |
Upper bound |
|||||
61 |
1 |
|
4.4 |
3.9 |
4.9 |
7 |
66 |
2 |
|
4.1 |
3.7 |
4.5 |
8 |
66 |
2 |
|
4.1 |
3.4 |
4.7 |
7 |
69 |
4 |
|
3.9 |
3.5 |
4.4 |
5 |
71 |
5 |
|
3.8 |
3.4 |
4.2 |
6 |
83 |
6 |
|
3.5 |
3.3 |
3.9 |
6 |
89 |
7 |
|
3.3 |
2.7 |
4.0 |
6 |
95 |
8 |
|
3.2 |
3.0 |
3.3 |
6 |
99 |
9 |
|
3.0 |
2.6 |
3.4 |
7 |
120 |
10 |
|
2.7 |
2.6 |
2.8 |
7 |
120 |
10 |
|
2.7 |
2.1 |
3.3 |
7 |
120 |
10 |
|
2.7 |
2.4 |
3.0 |
7 |
139 |
13 |
|
2.4 |
2.0 |
2.8 |
4 |
143 |
14 |
|
2.3 |
2.0 |
2.6 |
7 |
146 |
15 |
|
2.2 |
1.9 |
2.4 |
8 |
146 |
15 |
|
2.2 |
2.0 |
2.6 |
8 |
158 |
17 |
|
2.0 |
1.6 |
2.5 |
8 |
162 |
18 |
|
1.9 |
1.8 |
2.1 |
7 |
168 |
19 |
|
1.8 |
1.7 |
1.9 |
4 |
174 |
20 |
|
1.7 |
1.5 |
1.8 |
6 |
|
|
|
|
|
|
|