23.11.2009 "Транспарентност – Нулта корупција" во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата тимот на експерти составен од претставници на стопанските комори, јавниот сектор, универзитетски професори и претставници на медиумите и невладиниот сектор, изготвија листа на критериуми врз основа на кои ќе се врши евалуација на компаниите.
kriteriumi_so_boduvanje_mak 74.10 Kb
Методологија
Експертскиот тим ја утврдија следната постапка и рокови за избор на компанија со добро корпоративно управување:
- Право на учество во изборот имаат сите компании регистрирани во Република Македонија
- Компаниите треба да достават одговор на секое од поставените прашања од критериумите за евалуација. При тоа треба да се наведе точниот број на прашањето на кое се однесува објаснувањето .
- Со доставениот одговор да се достават документи или други информации од кои може да се потврди тврдењето.
- Одговорите на прашалникот и документите да се достават најдоцна до 2 декември 2009 година на адреса на "Транспарентност – Нулта корупција", ул. Наум Наумовски Борче 58, П. Фах 270 1000 Скопје.
- Експертите ќе ги разгледуваат документите и ќе го извршат изборот на компаниите Сертификати ќе им бидат доделени на компаниите кои ѓе освојат 90% од предвидените бодови
- Сертификатите на избраните компании ќе им бидат доделени на Светскиот ден за борба против корупцијата 9 декември 2009 година.
Ве повикуваме да се вклучите во оваа активност која е насочена кон зајакнување на стандардите во корпоративното работење но и кон засилување на севкупните мерки за нулта толеранција на корупцијата во Република Македонија.
Поднесените одговори без соодветна приложена документација нема да се земат во предвид.