08.12.2009 По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата 9ти декември – Транспарентност – Нулта корупција, во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо- Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата трета година по ред традиционално ќе се доделат сертификати на компаниите кои беа избрани за “Компанија со добро корпоративно управување 2009“.
Свеченото доделување на сертификатите ќе се одржи на 09.12.2009 со почеток во 17 часот во Стопанската комора на Македонија сала 4 на 5ти кат.