,,Правосудството, полицијата."
,,Полицијата."
,,Да не платиш казна ти бараат нешто друго, се подразбира тоа."
Велат граѓаните. Голем број од претставките поднесени од страна на граѓаните до невладината Транспарентност нулта корупција се однесуваат на пограничната и на сообраќајната полиција, вели претседателката на оваа организација Слаѓана Тасева. Таа се нарекува индивидуална корупција но е помалку застапена на сметка на онаа, што како што вели Тасева во самите инситуции на системот.
,,Што е најлошо, можам да кажам како дијагноза или како облик на корупција, самите институции кои што се задолжени да се борат против корупцијата не ги почитуваат основните правила на доброто управување, што значи транспарентно, одговорно и отчетно трошење на средствата од буџетот."
Судството и државните институции се оние што најмногу ги загрижуваат антикорупционерите. Граѓаните се жртви на ваквата слика.
,,Министерства итн…"
,,Ако на твоја страна е законскиот пропис, а го губиш спорот, а на другата страна се прават различни манипулации, одговорот е тука."
Праксата на Антикорупциската комисија ги апострофира јавните набавки како најприсутна форма на неправилности.
,,Скорото секое министерство во однос на јавните набавки има прекршување на своите овластувања."
Вели Ариф Муса член на Антикорупцискта комисија.
Сепак работата на Антикорупциската комисија завршува со поднесувањето на претставките за воочените неправилности, од кои како што вели Муса, до сега не е процесуирана ниту една. Приказната завршува со судството и јавното обвинителство каде што работите затајуваат поради политичките влијанија. Оттука борбата против корупцијата, заклучува Тасева е сеуште само декларативна и застанува на ниво на законите, додека пак во праксата системот не само што не функционира врз основа на тие закони, туку се претвора во своја спротивност, осносно во злоупотреба на законите. Во последниве неколку дена јавно беа обелоденети неколку сомневања за корупциски скандали. Во пазарната инспекција како и фирмите кои победиле на тендер за гасификацијата и за новогодишното украсување.
Извор: Радио Слободна Европа