Проект координатор – Антикорупциски мониторинг во Република Македонија
28.12.2009 Транспарентност – Нулта корупција (ТНК) е македонска невладина организација која се бори против корупцијата и промовира интегритет, одговорност и транспарентност во јавниот живот. ТНК е национален огранок на Transparency International, глобалното движење за борба против корупцијата. ТНК има потреба од квалификуван кандидат кој ќе води ја имплементацијата на овој проект.
Главна функција: Имплементација на проектот
Должина на договор: 18 месеци
Почеток: Јануари 2010 година
Клучни одговорности:
Собирање на антикорупциски истражувања за напредокот на РМ во полињата: корупција во политиката, јавниот сектор и реформи во судството; Придонес во изработка на алатка за регионален антикорупциски мониторинг; Изработка на извештај и печатена брошура со главните наоди; Организирање на настани за промовирање на извештајот; Координирање на проектите активности, како што е комплетирање на потребата од истражувачка студија, организирање на состаноци со луѓе кои што имаат исти цели, публикација на мониторинг извештајот, промовирање на извештајот, настани за промоција, нацрт на проектни извештаи и комплетирање на финансиски извештаи; Анализа на постоечките извештаите на Европската Комисија за напредокот на РМ; Учество и придонес на регионалните проектни активности и настани
Образование, искуство и вештина:
– Магистерска диплома или еквивалентно искуство во водењето на јавната политика, политички науки, меѓународна или економија во развој, јавна администрација, социологија или поврзани социо-научни области;
– Минимум три години работно искуство, по можност на полето на истражување или во полето на управување/владеење и антикорупциски испитувања;
– Одлично познавање на управувањето и антикорупциските алатки, инструменти и методи;
– Суштинско искуство со менаџирање на проекти и нивно координирање, идеално во полето на доброто владеење;
– Докажани аналитички и истражувачки вештини, посебно во изработка на истражувачки извештаи;
– Искуство со пишување и зборување на англиски јазик;
– Одлични вештини за воспоставување контакти, комуникација;
– Одлично познавање на МS Office.
Апликациите да се испрататат по пошта на адреса на ТНК , ПФ 270 или на e–mail job@transparency org.mk , краен рок 13 јануари 2010 година.