10.02.2009 Во триесет и деветтата година од животот, по долго и тешко боледување во Скопје почина Габриела Коневска Трајковска, поранешен потпретседател на македонската Влада задолжена за европските интеграции.
Коневска Трајковска ја презеде вицепремиерската функција во 2006 до кога беше претседател на Транспарентност Македонија. Предходно работеше на високи позиции во Пактот за стабилност како шеф на канцелариајта против организиран криминал во Букурешт и личен политички советник на Ерхард Бусек.
Професионалната кариера ја започна во 1993 како новинар во Македонската телевизија. Диполомираше и магистрираше на Правниот факултет во Скопје. Габриела Коневска Трајковска ќе биде погребана утре на Градските гробишта Бутел во Скопје.