26.02.2010 По доставенидокументи на предлог од господинот Љубен Пауновски, во интерес наунапредување на владеењето на правото и правната држава, ТранспарентностНулта корупција, направи анализа од којапроизлезе следниот заклучок:
Вештите лица во вештачењето(2001 година) и судот во доказната постапка и при утврдување на пресудата (2006година) не го земале во обѕир важењето на: „Правилник за критериумите за утврдувањена тајните податоци значајни за армијата на република Македонија кои мораат дасе чуваат како тајна и мерките за нивна заштита“ објавен во Службен весник наРепублика Македонија бр. 43/94; донесен врз основа на член 121 став 2 одЗаконот за Одбрана (Сл. весник на РМ бр.8/92) и бил укинат со „Уредба запрестанување на важење, односно на примена на прописите опфатени со проектотрегулаторна гилотина“ (Сл. весник на РМ бр.34/08), како и прописите поврзани соработите на стоковните резерви.
Затоа, постои оправдан сомнеждека Судот донел пресуда со која не се оправдани и/или како точни утврдени ситепотребни инкриминирачки услови за постоење на кривично дело според член353(3) в.в. (1) од КЗ РМ, поради тоа што неточно и/или непотполно биле утврденизаконските прописи, и соодветно на нив процедурите и околностите за класификацијана тајноста за одредени документи користени како доказ, па поради нецелосноутврдени околности од материјалното право Судот утврдил погрешни заклучоци,втемелени во пресудата.
Исто така не се исклучениповреди на одредбите за правично судење и други одредби од ЕвропскатаКонвенцијата за човекови права и основни слободи која е подеднакво валиденизвор на правото во Република Македонија.
Анализа со преглед на прописи и Пресуда |
analiza_so_pregled_na_propisi_i_presuda 244.96 Kb |
Правилник за тајна на МО од 1994 година |
|
Посебен Службен Лист на СФРЈ од 85-06 |
pos_slsfrj06 228.82 Kb |
Посебен Службен Лист на СФРЈ од 85-37 |
pos_slsfrj37 518.61 Kb |
Барање на информација од |
|
Одговор на барање на информација од МО |
od_mo_-_odgovor 384.58 Kb |
Оваа анализа е доставена и до:
Претседател на Врховниот Суд на Република Македонија | Analiza 1.02 Mb |
Одговор од кабинетот на Претседател од на Врховниот суд на Република Македонија |
Odgovor 302.52 Kb |
Јавно Обвинителство на Република Македонија;
Основно Јавно Обвинителство – Скопје, Република Македонија;
Државно Правобранителство на Република Македонија;
Министерство за Правда на Република Македонија;
Владата на Република Македонија; Кабинет на Претседателот на Владата.