08.03.2010 Транспарентност- нулта корупцијаво рамките на своите активности работи на спроведување на проектот “Култура на законот наспроти корупција”. Во процесот на воспоставување на култура на законот наспроти корупција активности се преземаат во три области:истрага, превенција и јавна едукација, едукацијата на најмладите има примарно значење.
Воспитно- образовниот систем е клучна алка во целокупната борба против корупцијата, бидејќи формирањето навистинските престави за појавите и поимите е своевидна основа за понатамошното однесување и дејствување на личноста во општеството.
За таа цел, задоволство ни е да Ве поканиме на доделувањето на пофалница за најдобар есеј на тема “Корупцијата не е моја иднина” што ќе се одржи на во хотелот Стоун Бруџ во Скопје на 09.03.2010 г. со почеток во12 часот.