23.03.2010 Невладината организација Транспарентност – нулта корупција, со поддршка на Амбасадата на Кралството Норвешка, а во соработка со повеќе институции и организации од Република Македонија, ги заокружува своите активности поврзани со проектот: „Подобрување на изборниот систем во Република Македонија“.
Целта на проектот е да се придонесе за подобрување на изборното законодавство со имплементирање на меѓународните стандарди од оваа сфера, со што ќе се обезбеди уште еден елемент во насока на намалување на можностите за незаконитости во финансирање на изборните кампањи и на политичките партии. Ова е мошне значајно прашање за Република Македонија, зашто успешно и демократски спроведени избори, како и транспарентното и отчетно финансиско работење на политичките партии, ќе значат квалитетен исчекор на патот кон европските интеграции на земјата. Во таа насока, Транспарентност нулта корупција своите активности посебно ги насочи кон анализа на делот од законодавството што се однесува на финансирањето на политичките партии и на нивните изборни кампањи.
Работната група, предводена од проф. д-р. Слаѓана Тасева, изготви „Нацрт-законски одредби за финансирање на ..изборни и референдумски кампањи“, кој што може да се најде подолу на веб страната:
Користиме „колачиња“ на нашата веб-страна за да можеме да ги запаметиме Вашите преференци и посети. Со кликање на „Прифати“, Вие се согласувате за употреба на СИТЕ колачиња.“
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.