24.03.2010 Македонските граѓани во 2009 се најнезадоволни од работењето на судовите, но и од јавната администрација, посебно во делот на локалната самоуправа.
Ова е констатирано во годишниот извештај за 2009 година, што денеска го претстави народниот правобранител Иџет Мемети.
Тој го издвои лошиот затворски систем, посебно потенцирајќи ги катастрофалните состојби во затворот Идризово.
Според бројот на претставки до народниот правобранител, забелешки има и за случаите на тортура во притворите, за нехуманите односи во психијатриските болници, но и за говорот на омраза што може да доведе до несакани последици во едно мултиетничко општество.
Меџити ги спомна и загрозените права од работен однос како резултат на политички пресметки, посебно во локалните самоуправи, а се осврна и на семејното насилство и насилството врз децата.
Народниот правобранител ја нагласи практиката на лоша соработка на оваа институција со министерството за внатрешни работи.
Извор: Макфакс