Нова глобална иницијатива за пристап до информации започна денес по повод Светскиот ден за слободата на печатот, која ќе тестира колку е лесно ( или не ) да се добијат информации од 30 влади за нивните антикорупциски напори.
Целта е да се види колку се транспарентни владите, за нивните антикорупциски напори во рамките на антикорупциските договори кои ги потпишале. Резултатите ќе бидат презентирани во 2011 година на четвртата по ред UNCAC Конференција на државите членки која ќе се одржи во Мароко.
“Слободниот пристап до информации е во срцето на антикорупциската агенда. Бројот на случаи каде што моќта се злоупотребува за приватни цели откриена и иницирана од новинарите, покажува дека пристапот до информации од јавен карактер е од витално значење“ – изјави Гилиан Дел, координатор за оваа иницијатива во Transparency International.
Oд страна на Обединетите Нации воспоставен е Светскиот ден за слободата на печатот во 1993 година, кој во 2010 година е посветен на “Имам право да знам“ – правото на сите граѓани да имаат слободен пристап до информации од јавен карактер. Иако, има пораст во законодавството за слободен пристап до информации, ОН забележуваат дека тоа е често комплицирано за употреба и не е спроведено.
“Правото да се знае што е тоа што владата го знае е од суштинско значење за новинарите и чуварите на граѓанското општество за да се идентификува корупцијата, а јавните службеници да бидат поодговорни“ – истакна Хелен Дарбишир, извршен директор на “Пристап Инфо Европа“ ( Access Info Europe ).
###
Забелешка : Конвенцијата на Обединетите нации против корупција (UNCAC) е сеопфатна глобална правна рамка за борба против корупцијата. Тоа е обврзувачки договор ратификуван од страна на 143 држави на стандарди и барања за спречување, откривање, истрага и санкционирање на корупцијата.
Над 80 земји во светот имаат законодавство за пристап до информации, одредба препорачани од UNCAC, иако ефективна имплементација се разликува од земја до земја. Земјите учеснички во оваа иницијатива се: Аргентина, Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Боливија, Босна и Херцеговина, Канада, Чиле, Доминиканската Република, Египет, Франција, Унгарија, Гана, Грузија, Германија, Гватемала, Израел, Италија, Либерија, Македонија, Црна Гора, Холандија, Никарагва, Нигерија, Пакистан, Перу, Шпанија, Тринидад и Тобаго, Обединетото Кралство и Венецуела. Комплетна листа на земји и организации на располагање во www.uncaccoalition.org