23.05.2010 Образованието во Македонија, доби средна оценка од 2,98, а речиси 60 отсто од граѓаните сметат дека тоа е корумпирано.
Ова го покажа анкетата на Институтот за политички истражувања извршена на 1110 испитаници, во рамките на проектот за модернизација на образованието кој е поддржан од Светската банка изготвена.
На прашањето какво е вашето мислење за квалитетот на образованието во Македонија 106 испитаници (9.5%) одговориле 1 , со 2 го оцениле 180 испитаници (16,2%) , со 3 оцениле 465 (41,9%) , со 4 оцениле 235( 21, 2% ) и со 5 го оцениле 70 испитаника (6, 3%) додека 54 испитаници (4,9%) не дале одговор.
На тој начин е добиена средна оценка за кавлитетот за образованието од 2,98 на 1056 испитаници.
На следното прашање кое според министерот Тодоров дава нови смерници во кој правец треба да се насочи образованието, е прашањето дали образованието во Македонија нуди стекнување на практични вештини.
На ова прашање дури 45,7 % од граѓаните одговориле дека не нуди, 23,5 % одговориле дека нуди а позитивно се изјасниле само 18,3% од испитаниците.
На прашањето кој е подобар образовен систем, приватниот или државниот , 294 испитаници сметаат приватниот е подобар, а 638 (57,5%) позитивно се изјасниле за државните универзитети.
Во однос на проектот за модернизација на образованието во РМ 64,1% одговориле дека е успешен, а 10,7 % не се согласуваат со тоа.
За проектот за превод на 500 книги од најреномираните универзитети скоро сите испитаници се изјасниле позитивно.
Проектот за делење на бесплатни учебници го поддржуваат 90,4 % од испитаниците.
Министерот Тодоров обрна внимание и на прашањето за корупцијата во образованието на кое 59,5 % од испитаниците се изјасниле дека постои корупција.
Тодоров апелираше до сите оние кои се вклучени во образовниот систем сериозно да се позанимаваат со ова прашање и додаде дека длабоко верува дека поголемиот број во системот за образование не се корумпирани.
Тој извести дека веќе се формирани комисии кои ќе се занимаваат со проверка на нострификацијата на странските дипломи за докторати.
Извор : Макфакс