27.10.2010 Брисел Претседателот на Транспарентност – Нулта корупција, проф. д-р Слаѓана Тасева на покана на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент престојува во официјална посета на Брисел. Според утврдената агенда, денес професор д-р Тасева во Европскиот Парламент ќе има своја презентација на тема „Корупцијата во Западен Балкан – краток преглед на регионот и Република Македонија“.
fighting_corruption_in_wb 148.56 Kb
anti-corruption_in_the_western_balkans 205.03 Kb
Утрешниот ден е резервиран за тркалезна маса организирана од страна на Friends of Europe и Министерството за правда на Република Србија. На истата свое излагање и активно учество ќе има проф. д-р Слаѓана Тасева која покрај другото посебно ќе се осврне на организираниот криминал и корупцијата во Западниот Балкан. На тркалезната маса ќе учествуваат и српската министерка за правда Снежана Маловиќ, помошник директорот на Еуропол Лазло Салго, потпреседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела, претседателката на Државната агенција за борба против корупцијата на Србија Зорана Марковиќ и членот на Европскиот Парламент Моника Маковеј.
Заради актуелноста на темата на тркалезната маса ќе присуствуваат и видни експерти за борба против корупцијата од регионот, голем број невладини организации, дипломати, претставници на Европската унија, министри а сето тоа ќе го следат бројни новинари од различни медиуми.