Barry O’Keefe, Претседателот на IACC ( Меѓународна конференција за антикорупција), истакна дека улогата на конференцијата како „склоп на повеќе акции“ е со задача да се дојде до конкретни планови за справување со корупцијата. Тој истакна дека иако корупцијата сега е признаена со еден збор “злото“, реториката наместо акција доведе до опаѓање на довербата на јавноста. Тој ги повика големите резервоари на мудроста на Меѓународната конференција за антикорупција, со цел да се сподели повеќе и да се разреши недостатокот на доверба, ‘со цел да може да се погледне наназад и да се каже дека работата е добро завршена’.
Потребата за практични решенија го повтори и Panthep Klanarongran, Претседателот на Тајландската антикорупциска комисија, кој го повтори повикот за вклучување во искрена дебата и размена на заеднички предизвик со цел да и се овозможи на антикорупциската заедница појасна насока и почисти визии.
Huguette Labelle, Претседателката на Transparency International, забележа дека упорноста на корупцијата покажува потреба од систематски промени, и само со спојување на различни струи може да се донесат решенија кои одговараат на сложеноста на задачата. Таа се надева дека на оваа конференција ќе се собере сила за ратификација на Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата, и дека владите и приватниот сектор ќе ги исполнат своите ветувања. Таа исто така ги потсети учесниците на конференцијата, дека нивната работа е многу значајна за оние кои имаат најмалку, а успешниот напор има потенцијал да ја укине сиромаштијата на милијарда луѓе.
Генералниот секретар на Transparency International Тајланд, Д-р Juree-Vichit –Vadakan посочи дека борбата против корупцијата не смее да ги изгуби од вид своите основни коренски причини. Таа изјави дека демократските вредности мора да бидат предадени на системи за верување и вредностите на антикорупцијата и правдата треба да бидат вградени во свеста на општеството, и додаде дека без социјална правда, просперитетот неможе да напредува.
Свеченото отворање заврши со говор на тајландкиот министер за правда, Pirapan Salirathavibhaga, кој ги наведе напорите што се прават во Тајланд, вклучувајќи го и истражниот орган на Националната комисија за спречување корупција. Сепак, тој нагласи дека борбата против корупцијата станува тешко со глобализацијата и транснационалниот криминал во меѓународната трговија која тој ја поврза со „форма на рак кој се шири и го зазема животот на еден човек“. Тој додаде дека оваа Меѓународна конференција за антикорупција може да придонесе кон поголем чекор во борбата со овој “корупциски рак“.