07.12.2010 Невладината организација "Транспарентност – нулта корупција" на ден 09.12.2010 (четврток) ќе одржи прес- конференција во НВО Инфо Центар (ул. Никола Тримпаре бр. 18-1/5), со почеток во 11 часот.
На прес- конференцијата ќе се презентираат резултатите од Глобалниот барометар за корупцијата (Global Corruption Barometer) во 2010 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба против корупцијата – Transparency International.