09.12.2010 По повод "Светскиот ден за борба против корупцијата 9-ти Декември", невладината организација Транспарентност – Нулта корупција, во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементирање на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата, традиционално четврта година по ред доделуваат Сертификати на компаниите од Република Македонија кои ги исполнија критериумите за добро корпоративно управување.
Свеченото доделување на сертификатите ќе се одржи на 10.12.2010 година (петок) во просториите на Стопанската комора на Македонија, сала 4 на V-ти кат, со почеток во 11.30 часот.