20.01.2011 Транспарентност Нулта корупција (ТНК) на 21 јануари 2011 г. (петок) со почеток во 11 часот во просториите на ТНК (ул. Наум Наумовски Борче 58 ) ќе одржи прес конференција на која ќе бидат презентирани аномалии во борбата против корупцијата, под наслов ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ.
Настаните се засновани на резултатите од работата на Транспарентност нулта корупција по претставките добиени од граѓаните за состојбите во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството.