26.01.2011 Здружението на бизнис жени, Националниот Совет за Родова Рамноправност и Транспарентност нулта корупција организираа работилница на тема „Корпоративни бизнис принципи и предизвиците на глобалната корупција.“ На работилницата на која учествуваа жените од невладиниот сектор и компаниите предводени од жени бизнисмени, беа презентирани: „Деловните принципи за борбата против поткуп и можностите како да го Заштитите вашиот бизнис – приватниот сектор и антикорупцијата – Македонско законодавство и Европска перспектива“.
На работилницата беше заклучено дека граѓаните не се култура на корупција иако сме долго време во транзиција, не сме генетски корумпирана нација. Законите во Македонија се добри но недостасува нивна имплементација за што е потребна политичка волја и вистинска борба против корупцијата, зошто кај нас работите се отидени до таму што и владеењето на правото е контролирано од политиката.
Треба да се најде начин сликовито рече Тасева да им се објасни на граѓаните дека цветот е доволен за учителката а во делот на бизнисот мора да се каже не и да се покаже, кичма и интегритет, зошто корупцијата не е култура на живеење туку крлеж кој едноставно мора да се отстрани. Затоа крајна цел во оваа активност на Транспарентност нулта корупција е Деловните принципи против поткупот да станат секојдневие и практика во деловното работење во Македонија, се разбира заедно со иницијативите за подигање на јавната свест во граѓанскиот и бизнис сектор, но како и се друго од нас зависи, се сложија учесниците на работилницата.



