15.02.2011 Невладината организација Транспарентност- нулта корупција, Ве поканува на тркалезна маса на тема: „Презентирање на проектот КРИНИС – осветлување на парите во политиката и објавување на акредитација на организацијата.
Во периодот од 2010 до 2013 година ќе се реализира проектот „КРИНИС-осветлување на парите во политиката“, кој има за цел користејќи ја веќе докажаната методологија на Transparency International на собирање информации од различни извори и анализа на легислативата поврзана со политичкото финансирање и нејзината примена во практиката, со што ќе се добие јасна слика за финансирање на политичките партии и на изборните кампањи. Многу појасна слика ќе се добие и за тоа на кој начин функционираат институциите за надзор и спроведување на легислативата.
Свое досегашно искуство со имплементацијата и резултатите кои ги дава овој проект во другите земји ќе изнесат високи претставници на Transparency international од Берлин, како и претставници на националните ограноци на Transparensy international од Албанија, Косово, Србија и Хрватска. Истовремено претставници на политиката во Република Македонија, политичките партии и државните институции ќе ги презентираат своите искуства од досегашната примена во оваа сфера.
Тркалезната маса ќе се одржи на 17 февруари (четврток) 2011 год. во хотел Александар Палас со почеток во 10 часот.