17.02.2011 Невладината организација Транспаренси интернешнел Македонија на тркалезната маса на тема: Презентирање на проектот КРИНИС – осветлување на паритево политиката, на која учествуваа високи претставници на Транспаренси интернешнел од Берлин, како и претставници од националните ограноци на Транспаренси интернешнел од Албанија, Косово, Србија и Хрватска, политички партии и државни институции, констатираа, дека без отчет на политичките сили, нема демократско општество. Клучот и одговорот лежи во транспарентното одговорно и отчетно однесување на ситеполитички субјекти ако сакаме да успеме да воспоставиме одредени процеси во кои што ќе има и транспарентност и одговорност и отчетност, според кои ќе знаеме кој што прави и кој треба да поднесе одговорност, доколку, не се однесува, согласно законите. Самиот индекс на корупција од 4.1 е многу далеку од 10 каде што се најмалку корумпираните земји и само преку регулирање на односите во политиката и подобрување на економијата може да очекуваме и намалување на корупцијата.
На ова се осврна и во своето воведно обраќање претседателот на Транспаренси интернешнел проф. Слаѓана Тасева која меѓу другото нагласи дека проблемот со корупцијата всушност е во полтичките партии, односно, нивното финансирање за време на изборните кампањи. Како резултат на нерегулираноста на финасирањето на политичките партии и нивното нетранспарентно и незаконско работење се и последните случувања во Македонија.
Амбасадорот на Кралството Норвешка Н.Е. Кјетил Паулсен истакна дека корупцијата не е искоренета никаде во светот.Проблемот постои, но може да се намали ако соработуваме сите во регионот, а транспарентноста и отчетноста, треба да биде основна цел на сите влади.
Од националните ограноци на Транспаренси интернешнел сметаат дека нетранспарентност во финансирањето на политичките партии особено во изборните кампањи се основа за корупција, бидејќи без регулатива не може да се намали љубовната врска помеѓу парите и власта. Воедно власта е целосно незаинтересирана за отчетност и одбегнува да ги вметне предлозите на Транспаренси со кое ќе биде дефинирано финансирањето на политичките партии и начинот на кој се собираат пари за предизборни и изборни кампањи.
Инаку во наредниве две години интензивно ќе се спроведува проектот Кринис со кој ќе се добие појасна слика за тоа на кој начин функционираат институциите за надзор и спроведување на легислативата и како да се добие поголем увид на состојбата со парите во политиката.

Јас не сакам да бидам популист, но погледнете што се случува на Блискиот и Средниот исток, рече Миклош Маршал заменик директорот на Транспаренси интернешнел. Луѓето се фрустрирани и овие револуции беа предводени од две главни работи, човекови права и корупција, затоа политичкте лидери мора да направат нешто за да ја намалат политичката корупција.