10.05.2011 Сведоци сме на јавно презентирани информации за тешки повреди на правилата на изборниот процес. Релевантните фактори не смеат да останат рамнодушни на ваквите информации.
Ги повикуваме сите учесници, од граѓаните до политичките партии, но и меѓународните организации присутни во Република Македонија да не дозволуваат нарушување на демократските изборни процедури.
Според Европската Конвенција за човекови права, државите потписнички гарантираат тајни избори. Правењето на списоци во кои има индивидуални податоци претставува чекор кон нарушување на ова елементарно демократско право на секој избирач.

Ги повикуваме оние врз кои се прави притисок, или на кои нешто им се ветува, за возврат на нивниот глас или дозвола да бидат ставени на некаков список со кој укажуваат кому ќе го дадат својот глас да го одбијат тоа.
Истовремено ги охрабруваме оние кои имаат докази за ваков притисок да ја известат релевантните фактори како Државната Изборна Комисија, Државната Комисија за спречување корупција или Јавното Обвинителство, OSCE/ODIHR и со тоа да допринесат кон чувањето на демократските принципи и правната држава.
Невладиното здружение Transparency International – Macedonia е отворено за секоја комуникација со граѓаните која ќе укаже на каква и да е форма на корупција со која се врши нарушување на демократски утврдените изборни правила.