30.06.2011 Регионален проект за компаративен мониторинг за следење на прогресот на корупцијата во судството, јавната администрација и законодавните тела беше презентирана предмалку во организација на невладината организација „Транспаренси интернешнл“. На конференцијата беа истакнати резултатите од истражувањата кои покажуваат делумна независност на Судскиот совет, постоењето на надворешни и внатрешни влијание врз донесувањето на одлуките, прекумерното траење на судските постапки и недостатокот на заштита на сведоците. Во јавната администрација, проектот открил нелегалности во постапката при вработување, проблеми во спроведувањето на внатрешната ревизија, непостапување на поплаките на граѓаните и непостоењето на ефикасна заштита за лицата кои пријавуваат корупција. Во врска со наодите од законодавното тело, забелешките за организацијата која се бори против корупцијата се дека најголемиот дел од Законите се на предлог на Владата, недостасува консултирање на јавноста, не постои кодекс за етичко однесување на пратениците, а има и политички влијанија при именувањето на функционери за борба со корупцијата. – Проектот е подржан од ЕУ, а наш партнер во реализација беше и секретаријатот на „Транспаренси интернешнл“, кој е и координатор на активностите на проектот. Проектот беше голем предизвик за сите. Секогаш што и да постигнеме, нешто повеќе се бара, но и денеска, дури и кога би застанала ЕУ, ќе остане една движечка маса која постојано се движи нанапред. Досега сите извештаи за прогресот на државата ги добивавме од надвор, ставовите, заклучоците и препораките за тоа што треба ние да направиме за да ја достигнеме целта. Овој проект е обид самите ние, како невладин сектор да направиме методологија за самите да направиме анализа и да влечеме заклучоци за тоа каде се наоѓаме во процесот на евроинтеграции, во процесот на исполнување на стандардите – изјави на денешната конференција Слаѓана Тасева, претседател на невладината „Транспаренси интернешнл Македонија“.
Сметајќи ја корупцијата како најсериозен проблем на Балканот, шефот на одделот за операции во делагацијата на ЕУ во Македонија, Дитер Тиел рече дека со овој проект се засегнати и Косово, Албанија и Турција, па затоа владата мора да ги следи препораките за побрза зачленување во Унијата.
– Ја цениме важната работа што ја извршија четирите ограноци на Транспаренци интернешнл. Корупцијата преставува голем предизвик за целиот регион, овој проект не се ограничи само на една земја, ова негативно влијае врз социјалните, економските и политичките настани, па затоа преземената иницијатива да ја цели корупцијата преку воведување на следење на напредокот е многу важна – изјави тој.



