Во исто време, Коалицијата објави дека се избрани и два Потпретседатели на Координативниот Комитет, имено Гладвел Отиено, Директор на Афричкиот Центар за добро владеење во Кенија, и Винсент Лазатин Директор на мрежата за транспарентност и одговорност на Филипините.
Овие назначувања се објавени во средата на 5ти јули 2011 година, на средбата која беше организирана од ОБСЕ и Владата на Мороко, насловена како “Патот до Маракеш: Улогата на цивилното општество во борбата против корупцијата“. Таа средба беше организирана за подготовка на 4тата Конференција на земји членки на UNCAC, која што ќе се одржи од 24-28 октомври 2011 во Маракаш, Мароко, а како домаќин ќе биде Владата на Мароко.
Коалицијата UNCAC, во која има 350 членови, вклучувајќи и повеќе од 310 невладини организации продолжува да повикува на отворен и транспарентен процес за имплементација на Конвенцијата на ООН за борба против корупцијата (UNCAC) и се надева на големо учество на следната конференција која ќе се одржи во Маракеш. Таму се планира да се презентираат неколку препораки.
Белешка до Уредниците
Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата (UNCAC) е најсеопфатната глобална правна рамка за борба против корупцијата. Тоа е обврзувачки договор ратификуван од 153 држави, кој вклучува стандарди и барања за превенција, откривање истраги и санкционирање на корупцијата.
Коалицијата UNCAC е формирана во 2006 година и неа ја сочинуваат повеќе од 310 граѓански организации во повеќе од 100 држави. Целта на Коалицијата е да ја промовира ратификацијата, имплементацијата и мониторингот на UNCAC. Повеќе информации можат да се најдат на www.uncaccoalition.org. Исто така нивните активности можете да ги следите на Facebook (‘UNCAC Coalition’ group) и Twitter (http://twitter.com/uncaccoalition)
Контакт со медиуми
Gillian Dell
Transparency International
Email: gdell@transparency.org Tel: +49-30-343-82017