23.08.2011 Само за користење услуги во 2010-та, потрошени се 173 милиони евра од буџетот. Дури 44 милиони евра повеќе од претходната 2009, кога за услуги беа потрошени 129 милиони евра. Според годишниот извештај на Бирото за јавни набавки најмногу пари се потрошени за архитектонски и инжинерски услуги и услуги за одржување и поправка. Услугите се нематеријални трошоци и тешко се докажуваат, постојано предупредуваат економските експерти, посочувајќи дека тоа е и начин за манипулација со буџетските пари. Инаку, вкупно за јавни набавки во 2010 година се потрошени 750 милиони евра – во анализата на Бирото за јавни набавки се истакнати десетте најголеми јавни потрошувачи во мината година.
Електрани на македонија потрошила 75 милиони евра
Министерство за транспорт и врски 70 милиони евра
Службата при Владата на РМ 34 милиони евра
Министерство за здравство 21 милион евра
Македонски шуми 20 милиони евра
Министерство за култура 17 милиони евра
Град Скопје 15 милиони евра
Управата за заштита на културното наследство 14 милиони евра
Клиниката за Онкологија 12.700.000 евра
И општина Центар 12 милиони евра.
Најголем дел од јавните набавки 80 проценти од договорите за сума од 600 милиони евра се склучени со македонски фирми, а 20 проценти или 150 милиони евра со странски компании.
Извор: Алфа ТВ



