18.10.2011 Годишната средба на членките на Transparency International, антикорупциската организација, ја реизбраа на местото Претседател Хјуџет Лабел (Канада), и заменикот, Акере Муна (Камерун) во период од наредните три години како глобални лидери на TI.
Актуелните членови на Борд, Делиа Фереира Рубио (Аргентина) и Руебен Лифука (Замбија) исто така беа ре-избрани. Движењето на Transparency International избра четири нови членови на Борд, Џермин Брукс (Велика Британија), Елена Панфилова (Русија), Хозе Угас (Перу) и Елизабет Унгар Блиер (Колумбија).
Бордот на TI е избран од неговото движење, односно 87 национални ограноци од целиот свет и 27 индивидуални членови.