„Отсуството на јасна одлука за вклучување на граѓанското општество ги остава работите опасно неограничени во овој критичен период во кој процесот на ревизија на конвенцијата се уште се формира и кога постои најголема потреба во регионот (се мисли на Африка и Арапските држави з. ТИМ) и пошироко за силна и сеопфатна конвенција,“ рече Слаѓана Тасева, Претседавач на UNCAC Коалицијата на граѓанското општество, говорејќи на конференцијата во Маракеш. „Со решението против учество на граѓанското општество, владите покажаа дека не се во допир со нивните граѓани и дека се на погрешната страна на историјата.“
Позицијата на оние влади кои го предводеа движењето за исклучување на граѓанското општество во Групата за утврдување на спроведувањето (тело кое испитува дали владите ги спроведуваат нивните обврски според конвенцијата) и оние влади кои дозволија тоа да се случи, е уште повеќе зачудувачки имајќи во предвид дека учеството на граѓанското општество е вградена во текстот на Конвенцијата, се огледува во Деловникот и правилата за постапување на Конвенцијата, и беше поддржана со писмено мислење на Канцеларијата за правни прашања на Обединетите Нации.
Сепак, имаше и посакуван развој за време на конференцијата во Маракеш, имено воспоставувањето на силна рамка за враќање на украдени добра, тема која е особено важна за држави како Египет, Либија и Тунис кои се соочија со исцедување на јавни средства од страна на корумпирани елити и прикриени трансфери. Но, ефективноста на овие мерки може дополнително да биде обезвреднета со отсуство на гласот на граѓанското општество.
„Необично е и несреќно дека инерцијата обезбедена од Арапската пролет за враќањето на украдени средства направи малку за да ја зацврсти улогата на граѓанското општество во спроведувањето на конвенцијата, иако силниот граѓански глас беше централен елемент на востанијата во регионот,“ рече Кристијан Портман, шеф на делегацијата на Transparency International на конференцијата на ООН во Маракеш. По четири години на обиди за зацврстување на улогата на граѓанското општество во процесот на контрола на примена на UNCAC се соочуваме со застрашувачка ситуација да бидеме исклучени уште две години, што е уназадување на општата борба против корупцијата, кое сигурно ќе има влијание на обичните граѓани низ целиот свет.“
Забелешка за уредниците: Конвенцијата на ООН Против Корупцијата (UNCAC) е најсеопфатната глобална правна рамка за борба против корупцијата. Тоа е обврзувачки договор на 154 земји членки за стандардите и барањата за превенција, откривање, истраги и санкционирање на корупцијата.
UNCAC Коалицијата на граѓанското општество е формирана во 2006 година, составена е од 340 организации и повеќе од 100 индивидуални членови. Цел на коалицијата е промоција на ратификацијата, имплементацијата и мониторингот на Конвенцијата на ООН против Корупцијата.
Проф. Слаѓана Тасева, е избрана за прв Претседател на Координативниот Комитет на UNCAC Коалицијата кој за првпат е формиран во јули 2011 година.
http://www.uncaccoalition.org/