17.11.2011 Пред Вас е вториот број на нашата периодична публикација “АУДЕО“. Содржината, помеѓу другото, ги опфаќа и случаите: „Објавени списоци“ и „Апсење на Љубе Бошковски“, но и такви кои се однесуваат на „обичниот“ човек како „Напушти го својот стан“. Во овој број ќе ја најдете и анализата за проектот „Скопје 2014“ како и конечниот исход по Иницијативата на ТИ-М пред Уставниот Суд на Република Македонија во врска со финансирањето на политичките партии.
Публикацијата останува во електронски формат, и понатаму лесно достапна за секој.
Transparency International-Macedonia ги охрабрува сите оние кои имаат, или сметаат дека имаат сознанија за корупција или со неа поврзани активности да и се спротивстават решително. Публикацијата и понатаму останува отворена за сите кои сакаат да се приклучат и да ги поддржат напорите за отстранување на ова зло.

Крајната цел е подобрување на правната практика преку правилна примена на правото и поттикнување на правилното и стручно постапување од страна на надлежните институции.
AUDEO е латински збор кој значи да се осмелиш храбро!