22.11.2011 Јавното Обвинителство се произнесе по Иницијативата на ТИ – Македонија за поведување постапка за утврдување на кривична одговорност за лицето Зоран Ставрески од Скопје, вработен во Владата на Република Македонија како Министер за финансии.
На 14.11 2011 година скопското ОЈО се произнесе по Иницијативата, и ја извести ТИ – Македонија дека: НЕ СЕ ПРЕЗЕМА кривично гонење во врска со иницијативата бр.0302/893 од 12.10.2011 година за кривично дела Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот Законик.

Како што на јавноста и е познато Иницијативата беше поднесена поради постоење на сомнеж дека врз основа на Упатство за распределување на средства за годишно финансирање на политичките партии донесено на 16.04.2010 година на 20.04.2010 година, е извршено распоредување на Буџетските средства спротивно на Законот за годишно финансирање на политичките партии, па така одредени политички субјекти се стекнале со средства кои не им припаѓаат, а други биле со истото оштетени за средства кои според законот би им припаднале. Односно дека истата буџетска сума била распоредена во корист на едни и на штета на други субјекти, со што се исполнети претпоставките за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот Законик.