24.11.2011 ( Загреб/Берлин) Според извештајот на Transparency International објавен денес: на финансирањето на политичките партии во пет држави од Југоисточна Европа му недостасуваат цврсти мерки за транспарентност и санкции за оние кои ги одбегнуваат.
Извештајот ги повикува Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија да обезбедат дека:
– извештаите за приходите и трошоците на политичките партии се точни;
– се верификувани преку систем на надзор кој може да му се верува; и
– недостатокот на согласност со легислативата за финансирање на партиите е санкциониран соодветно.
Извештајот ги повикува телата за надзор да ги зголемат нивните напори за да ја спроведат новата и подобрена регулатива за финансирање.
shining_a_light_on_political_party_financing_eng 1.94 Mb
„Транспарентното известување од страна на политичките партии за нивните извори на приходи и трошоците е од интерес на секоја држава во градењето на вистинска демократија“, рече Ен Коч, Регионален директор за Европа и Централна Азија во Секретаријатот на Transparency International во Берлин. „Политичките партии ќе уживаат доверба на сопствените гласачи само кога еднаш ќе покажат дека тие работат во општ интерес, а не само за нивното напредување“.
Подобрена легислатива неодамна беше усвоена во сите држави кои беа проценети во ова истражување. Ова дава голема можност за сите учесници – партиите, телата за надзор и сите други вклучени во јавниот надзор врз финансирањето на партиите да ги напуштат старите навики и да овозможат поголема транспарентност на просторот на кој е од јавноста во овие држави се гледа како на заматен.
Новиот извештај, „Осветлување на парите во политичкото финансирање: Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија 2011“ ги препознава актуелните проблеми идентификувани во законодавството и практиката во врска со финансирањето на партиите. Истражувањето врз основа на кое е изработен извештајот, испитува десет димензии на прашањето: внатрешното книговодство, известителноста на партиите кон телата за надзор, сеопфатност, темелноста и точноста на известувањето, јавен пристап кон информациите (обзнанување), мерки за превенција, постоење на санкции и државен надзор, како и надзорни активности од страна на граѓанското општество.
Вообичаени проблеми кои постојат за државите вклучуваат недоволно одредби за превентивни мерки, недостаток на спроведување на санкциите, недостаток на способност и дофат на телата за надзор и недостаток на согласност на политичките партии соодветно да го направат достапно нивното политичко финансирање.
Клучни регионални наоди и препораки до овој извештај:
Јавно обзнанување на финансирањето на политичките партии треба понатаму да биде зајакнато со јасни временски рамки и механизми за објавување во Албанија и Косово.
И покрај напредокот направен во објавувањето на извештаите во Хрватска, Македонија и Србија, телата за надзор во овие држави треба да напредуваат кон поголема транспарентност преку објавување на ревидирани извештаи на партиите во формати лесни за користење и соодветни за споредба.
Постои потреба за зајакнување на одредбите за превенција на злоупотреба на државни извори за политички кампањи, а телата за надзор треба да преземат неопходни мерки за изрекување на санкции за повреди на оние правила кои се однесуваат на известување и обзнанување на финансиските средства на политичките партии.