Протестите што ја одбележаа 2011 покажуваат љутина кон корупцијата во политиката и јавниот сектор
01.12.2011 (Берлин) Корупцијата продолжува да заразува премногу земји низ светот, според Индексот на перцепција на корупцијата за 2011 година на Transparency International, објавен денес. Овој Индекс покажува како владите не успеаа да ги заштитат граѓаните од корупција, било тоа да е злоупотреба на јавни средства, поткуп или донесување таинствени одлуки.
Transparency International предупреди дека протестите низ целиот свет, често поткрепени со корупција и економска нестабилност, јасно покажуваат дека граѓаните имаат негативно мислење за нивните лидери и државни институции, тие не се ниту транспарентни ниту доволно одговорни.

“Оваа година бевме сведоци на транспаренти испишани со “корупција“ од страна на учесници во протести, без разлика дали се богати или сиромашни. Без разлика дали Европа е во должничка криза или пак Арапскиот свет почнува со нова политичка ера, лидерите мораат да ги послушаат барањата за подобра власт“ –вели Хјуџит Лабел, Претседател на Transparency International.
Индекс на перцепција на корупцијата 2011: Резултати
Индексот дава резултати за 183 држави и територии од 0 (високо корумпирани) до 10 (многу чисти) врз основа на согледувањата за нивото на корупција во јавниот сектор. Се користат податоци од 17 истражувања, како што се: примена на анти-корупциски закони, пристап до информации од јавен карактер и судир на интереси.
Две третини од рангираните земји имаат резултат помал од 5.
Нов Зеланд е првата земја на листата, следена од Финска и Данска. Сомалија и Северна Кореа (вклучени во Индексот за прв пат), се последни.
“2011 година го виде движењето дека за поголема транспарентност треба да се преземе еден неодолив момент, бидејќи граѓаните низ целиот свет побараа одговорност од нивните влади. Земјите кои имаат висок резултат покажаа дека повремено напорите за подобрување на транспарентноста може, ако е одржлива, да биде успешна и да биде од корист на граѓаните“ – изјави извршниот директор на Transparency International Кобус Де Свардт.
Повеќето земји од “Арапска пролет“ (револуционерно движење), се рангирани во долниот дел од Индесот, со резултати под 4. Пред “Арапска пролет“, извештајот на Transparency International за тој регион предупреди за непотизмот, покупот и покровителството, кој беа длабоко врежани во секојдневниот живот, што дури и постоечките антикорупциски закони имаа мало влијание.
Земјите од Евро зоната кој што претрпеа кризи со долгови, делумно поради тоа што државните власти паднаа на испитот за сперчување на поткупот и даночното затајување, две битни работи за достигнување на кризата, се помеѓу земјите од ЕУ кои што имаат најмал резултат.