09.12.2011 По повод “Светскиот ден за борба против корупцијата 9ти декември“ Transparency International Macedonia (ТИ – Македонија ) на 10 декември 2011 г. (сабота) со почеток во 12:00 часот во хотелот Стоун Бриџ ќе одржи прес конференција, на која ќе биде презентирана новата алатка и проект “Пријави Корупција“ која оваа организација започна да ја имплементира во октомври оваа година.
“Пријави Корупција“ им овозможува на граѓаните да пријават корупција, како и да им ја прикаже ситуацијата со корупцијата на институциите во Република Македонија, на начин на кој ќе можат да ја следат и анализираат.