10.12.2011 Слаѓана Тасева, Претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија, вчера беше избрана за член на бирото на ГРЕКО, меѓународната организација за борба против корупцијата основана од Советот на Европа.
Со тајно гласање со мнозинство гласови од присутните 49 членови на делегации, за нов претседател на ГРЕКО беше избран Марин Мрчела од Хрватска. Тасева беше избрана за членка на Бирото, заедно со уште четворица претставници од Албанија, Чешка, Русија и од Швајцарија.
Покрај членството во Меѓународната антикорупциска академија во Австрија, за Тасева ова е втор избор во највисоките тела на најпознатите меѓународни антикорупциски организации. ГРЕКО е основана во 1999 година од Советот на Европа, со цел подобрување на борбата против корупција и нејзни усогласување со меѓународни стандарди.