31.01.2012 Transparency International – Macedonia изработи Информација заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година од 2007 година.
Истрагата беше водена од американската правна куќа Вајт и Чејс по иницијатива на внатрешната ревизија во компанијата поради сомневање во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.

criminal_usa_v_dt_agreement 1.75 Mb
sec_litigation_executives_-_usa 888.50 Kb
Интересот на ТИ-М произлезе од причини што дел од овие договори се тесно поврзани со филијали на Маѓар Телеком во Македонија како Македонски Телеком АД – Скопје и Камени Мост Комуникации АД – Скопје, а Вајт и Чејс истакнуваат основан сомнеж со наводи за корумпирање на функционери и челници на политички партии во Македонија од страна на раководни лица во Македонски Телекомуникации АД, се заради стекнување со погодности на пазарот на телекомуникациски услуги во 2005 година и 2006 година.
Во предвид беа земени Годишниот Извештај на Групата на Македонски Телеком за 2009 година и други годишни извештаи на оваа компанија, судски и други јавно објавени документи на американската Комисија за хартии од вредност и Министерството за Правда на САД датирани од 29.12.2011 година, како и известувања за активности на домашните органи надлежни за кривичен прогон.