Во извештајот на Транспаренси Интернешнл за осветлувањето на парите во политиката содржани се препораки за: 1) проактивно објавување на финансиските извештаи од страна на политичките партии; 2) усвојување на детализирани обрасци за финансиското работење на политичките партии; 3) законска обврска за партиите и кандидатите за објавување на донорите; 4) спроведување и зајакнување на санкциите и 5) законска обврска за политичките партии да достават извештај за финансиското работење на барање на граѓаните.
Во оваа смисла го прашавме г-дин Вељаноски дали Собранието на Република Македонија ќе закаже седница на која ќе се разгледуваат овие ревизорските извештаи и кои мерки ќе бидат преземени за надминување на слабостите.
Во оваа прилика јавно ја прашуваме Владата зошто сеуште не го објавила Извештајот за усогласеноста на Република Македонија со препораките на ГРЕКО, усвоен во март оваа година?
Препораките на ГРЕКО се однесуваа на надминување на сите погоре споменати слабости на системот за контрола на политичкото финансирање, а државата имаше време од 18 месеци за нивно исполнување.
Поради ова ја повикуваме Владата на Република Македонија на својата прва наредна седница да донесе одлука за објавување на извештајот на македонски јазик, а Извештајот да го објави на својата веб страна и на веб страната на Министерството за правда.
www.transparency.org.mk
„КРИНИС Западен Балкан – осветлување на парите во политиката“ е регионален проект на Transparency International кој се имплементира во Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија.“
Транспаренси Интернешнл – Македонија е национален огранок на глобалната коалиција за борба против корупцијата Transparency International.