30.08.2012 Transparency International е длабоко растажена од веста за ненадејната смрт на Џереми Поуп, еден од основачите и стратешки мислител кој на многу начини го симболизираше ентузијазмот и посветеноста на нашето движење во борбата против корупцијата.
“Заминувањето на Џереми Поуп претставува тажен момент за нас во Transparency International. Многу години, Џереми Поуп играше клучна улога во градењето на интелектуалната сила која беше поткрепа за подигање на свеста толку потребна за Transparency International. Тој беше носител на креирањето на многу столбови врз кои денес е поставена Transparency International” изјави претседателот на Transparency International Хјуџет Лабел.

Џереми Поуп беше основач и Генерален директор на Transparency International од 1994-1998, подоцна и извршен директор на Transparency International во канцеларијата во Лондон одговорен за управување со знаењето. Тој ја креираше една од првите книги на Transparency International, која беше искористена за идентификација и одговор на ризици од корупција во владеењето и општеството, и сега таа преставува основа за проценка на националните системи за интегритет, алатка која на многу начини ја дефинира Transparency International.
“Џереми Поуп навистина беше еден од интелектуалните татковци на Transparency International. Тој се приклучи на нашата организација со длабоки познавања на институциите, за тоа како тие треба да работат, и за влијанието врз општеството кога нивната работа е неуспешно. Тој и помогна на Transparency International да развие иновативни начини за борба против корупцијата. Од моментот кога прифати да биде Генерален директор на ТИ-Секретаријатот во 1994 до неговото заминување, тој беше мој најсилен партнер и пријател во креирањето на ТИ движењето” изјави Питер Ајген основач и поранешен претседател на Transparency International кој во моментот е претседател на Советодавниот Одбор.
Џереми Поуп ја водеше неговата долгорочна загриженост за влијанието на корупцијата врз димензијата на човековите права, кога тој беше назначен за Комесар на Комисијата за Човекови права на Нов Зеланд,