22.10.2012 Проектот „Пријави Корупција“ кој е имплементиран од страна на организациите Транспаренси Интернешнл – Македонија и Центар за меѓународни односи од Вашингтон покрај веќе постоечките апликации на македонски и англиски јазик, ја доби и својата мобилна апликација за Андроид на албански јазик.
Апликацијата им дозволува на корисниците да ги пријават случаите на корупција, да селектираат категории, локација или пак да ги листаат веќе поставените пријави кои се прикачени на оваа страна.
Оваа апликација е прва од ваков вид на Балканот, но и во Европа. Пријавите се проверуваат од тимот кои работи позади овој проект, а верификуваните ќе бидат поставени на веб сајтот www.prijavikorupcija.org , како и автоматски на оваа апликација.
Апликацијата е достапна на Google Play преку оваа врска:
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.korupcijasq.android.app
Во наредниот период ќе следи и апликација „Пријави Корупција„ за IOS .
*Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (http://www.ned.org/ )