05.11.2012 година (понеделник) во 12:00 часот во Штип, Транспаренси Интернешнл – Македонија ќе одржи прес конференција по повод отворањето на канцеларија на Центар за совети и правна помош (ЦСПП) на граѓаните во градот Штип. Канцеларијата која се наоѓа во Штип на адреса „Тошо Арсов“ бр.35, трети кат, работи со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија. На настанот ќе биде присутна НЕ г-ѓа Мариет Шурман (Marriët Schuurman) Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија.
ЦСПП на Транспаренси Интернешнл – Македонија функционира како канцеларија која обезбедува правни совети и прима претставки кои се поврзани со корупција, а се со цел да се идентификува структурна, институционална и правна слабост.
Главна цел на ЦСПП е да ги мобилизира граѓаните во антикорупциските напори преку институционална соработка. Преку оваа цел граѓаните се запознаваат и ги ползуваат своите права, што пак позитивно влијае за зајакнување на капацитетите на државните институции.