На свеченоста по повод отворањето на канцеларијата во Штип H.E. Амбасадорката Marriet Schuurman и Претседателката на ТИ-Македонија проф. д-р Слаѓана Тасева со присутните претставници на медиумите го споделија својот став во врска со значењето на ваквите центри кои обезбедуваат совети и бесплатна правна помош на граѓаните преку граѓанските организации.
„Основна цел на ALAC канцелариите е да се подигне свеста за постоечките форми на корупција како и да ги охрабри граѓаните активно да се вклучат во борбата против корупцијата. Преку ALAC граѓаните стануваат свесни за остварување на своите права. ALAC има про-активен пристап и влијае кон зајакнување на капацитетите на државните институции и локалната самоуправа“ – истакна д-р Слаѓана Тасева.
H.E. Амбасадорот Schuurman изјави: – Корупцијата е и продолжува да биде еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат сите влади. Во време на економска криза, овој проблем станува уште поважен. … ALAC како модел во моментов е една од најдинамичните експерименти во антикорупциските интервенции кои се спроведуваат од страна на глобалното движење на Transparency International. Денес ALAC центри постојат во повеќе од 50 земји, а повеќе од 120.000 луѓе се јавиле во овие центри. … Уште поважно, тоа е промена во свеста и вклученоста на граѓаните, бидејќи на крајот тие ја плаќаат сметката за она што се случува.