15.11.2012 Граѓаните стекнаа доверба во Антикорупциската комисија, за потоа, со промената на членовите, да се направи упад во независноста, критикува првата претседателка на комисијата Слаѓана Тасева.
Дури и јас лично ги работев и случајот Фершпед и случајот Бачило, од кои едниот имаше судска завршница, а другиот гледаме дека сè уште служи како паричка за поткусурување на нашиот искорумпиран политички пазар и медиумски во случајов. Немаме нешто со што би можеле сериозно да се пофалиме како резултат од работата на комисијата дека завршила со судска разрешница.Слаѓана Тасева, прв претседател на Антикорупциската комисија .
Во текот на десетгодишното постоење, Антикорупциската комисија не успеа да ја оствари својата цел да биде контролор на актуелната власт, велат упатените. Кога се воспостави оваа институција, имаше голем скептицизам во однос на тоа какви ќе бидат резултатите од нејзиното работење, вели првиот претседател на комисијата Слаѓана Тасева. Но, според приложените пријави, се покажа дека граѓаните стекнаа доверба во комисијата за потоа, со промената на членовите, да се направи упад во независноста. Денес сите случаи кои беа покренати од оваа институција и кои имале судска завршница се од првиот состав, додава Тасева.
„Дури и јас лично ги работев и случајот Фершпед и случајот Бачило, од кои ето со што би можеле сериозно едниот имаше судска завршница, а другиот гледаме дека сè уште служи како паричка за поткусурување на нашиот искорумпиран политички пазар и медиумски во случајов. Немаме ништо да се пофалиме како резултат од работата на комисијата дека завршила со судска разрешница.“
И поранешниот член Ариф Муса вели дека речиси и нема некои ефекти од работата на Антикорупциска. Според него, членовите на комисијата не треба да подлегнуваат на притисоците, туку да ги спроведуваат надлежностите кои им се дадени со закон.
„Ако ги бираат политичарите, ако ги бира Собранието, членовите на Комисијата треба да се самостојни и да работат исклучиво според законот. Да не зборуваме за другите притисоци од надвор, како скратувањето на буџетот и притисокот на власта кон секоја таква независна институција. Меѓутоа потребна е самодоверба и секој да има чест да ја врши работата како што е одредена според законот.“
Според Тасева, на Македонија и е потребна независна институција, која што ќе има доволно ресурси да ја оствари својата улога без да преовладува политичкиот интерес.
„Но, за да се добие тоа, потребно е првенствено да бидат внатре избрани луѓе кои што имаат личен интегритет, кои што се докажале претходно. Кои во Комисијата ќе внесат, а не само да изнесуваат, односно ќе влезат со својот интегритет и ќе допринесат во нејзиното работење“, вели Тасева.