Оттука може да влечеме поуки и заклучоци како треба да се делува во услови кога корупцијата попримила ендемски форми и кога навлегла во сите сфери на општественото живеење, значи само со систематско делување на повеќе полиња.
Воислав Зафировски од Државната комисија вели дека функцијата на јавниот сектор е да биде сервис на граѓаните и таквата негова позиција остава простор и ризик за корупција. Според него, во однос на претходните извештаи кога 13,5 насто од испитаниците истакнале дека им било побарано или понудиле мито, сега таа бројка изнесува 6,5 насто.
„Ако споредиме, тоа значи дека за седум години е направен сериозен исчекор. Двојно се намалени случаите кадешто граѓаните говорат дека се дел или жртви на корупција и коруптивно однесување.“
Слаѓана Тасева од Транспаренси интернејшнал вели дека очигледно мерките што се преземаат даваат резултати.
„Оттука може да влечеме поуки и заклучоци како треба да се делува во услови кога корупцијата попримила ендемски форми и кога навлегла во сите сфери на општественото живеење, значи само со систематско делување на повеќе полиња.“
Секој трет граѓанин смета дека владата се залага за спречување на корупцијата во јавната администрација, но 42 насто од нив не се согласуваат дека борбата се води праведно и објективно. Според Зафировски, ваквите извештаи се неопходни за спроведување на наредните чекори.
„Мерките кои се преземаат во насока на ИСО стандардизација во институциите даваат резултати. Мислам дека клучните фактори за намалување на процентот на оние лица кои велат дека биле вклучени во корупција и коруптивни активности да се намали е токму таквиот сериозен системски пристап во креирањето на односите во институциите.“
Според извештајот, 56,5 насто од граѓаните сметат дека казните се ефикасни, но 62 насто истакнале дека службениците не се плашат од можните последици заради нивната корумпираност.
Izvor: Макденес http://www.makdenes.org/