29.11.2012 Владините реклами ги корумпираат медиумите сметаат граѓаните.Дури 44,3 отсто веруваат дека распределбата на средствата за владините кампањи во медиумите е најраспространета корупција.
Во анкетата спроведена од ОБСЕ, Антикорупциската комисија и Транспарени Интернешнл Македонија, висок е и процентот кои одговориле со „многу“ на прашањето Дали според вас има многу, средно, малку или воопшто корупција во медиумите при финансирањето на медиумски содржини од страна на Владата, 41 отсто дале одговор многу, а само 13 % веруваат дека нема корупција.
Дури 35,2 отсто од граѓаните не веруваат во владата дека висктински се залага за спречување на корупцијата во медиумите. На прашањето колку се согласувате со со тврдењето Владата виснски се залага за спречување на корупцијата во медиумите, 26 отсто од испитаниците рекле дека целосно се согласуваат.
Заклучоците од анкетата спроведена врз 1080 испитаници во 84 општини се дека повеќето од половината анкетирани сметаат дека медиумите не известуваат објективно. Дури 60 % веруваат дека корупцијата е многу или средно распространета по различни основи, а промоцијата на партиските политики и распределбата на владините пари за рекламирање се начини преку кои можат да се корумпираат медиумите.
Извор: 24 Вести