Тетово, 06.12.2012 „Граѓаните во борба против корупција“
Регионалната канцеларија на Центарот за Совети и Правна Помош (ЦСПП) на Транспаренси Интернешнл Македонија во Тетово на ден 06.12.2012 година, организираше Тркалезна на тема: „Граѓаните во борба против корупција“ која се одржа во Општинската сала во Тетово. На присутните граѓани на Тетово и претставници на институции од Полошкиот Регион со свои излагања им се обратија Д-р Слаѓана Тасева Претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија и Градоначалникот на Општина Тетово Проф. Др. Сади Беџети.
Д-р Слаѓана Тасева ги информираше граѓаните за пријавите на граѓаните во изминатите шест месеци. Информацијата го опфати бројот на пријави од граѓаните кои според нивно мислење се однесуваат на ризици од корупција, начинот на кој пријавите биле доставени до канцелариите на ТИ–М ЦСПП во Тетово, Скопје и Штип како и за дистрибуција на пријавите според локација и градови во Република Македонија. Градоначалникот Проф. Др. Сади Беџети изрази поддршка и отвореност за соработка со ТИ–Македонија и ја поздрави работата на регионалната канцеларија на ЦСПП во Тетово.
Настанот го следеа и претставници на локалните ТВ Медиуми.