19.01.2013 Телеком во Македонија и во Црна Гора, биле разгледувани аргументите на двете страни за надлежноста на судот во Њујорк.
Во новото рочиште во судскиот процес за коруптивните активности на Маѓар Телеком и на Дојче Американската Комисија за хартии од вредност, која го покрена процесот против тројцата поранешни директори во Маѓар Телеком, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи, докажува дека Јужниот окружен суд во Њујорк има надлежност во процесот, поради тоа што Т-Мобајл е компанија која дејствува и на американскиот пазар, а дел од комуникацијата која ја воделе обвинетите менаџери поминала низ САД.
Тројцата обвинети, кои се застапувани од големите адвокатски компании од Вашингтон “Скаден Арсп Слејт, Меагер и Флом” и “Хоган Ловелс”, се бранат дека судот не е надлежен поради тоа што делата биле извршени во странство. Двете страни, на рочиштето што се одржало на 17 јануари, ги доставиле своите аргументи до судијата Ричард Саливан.
Засега не се закажани нови рочишта во случајот, и се чека од судијата да ја донесе својата одлука, дали ќе продолжи процесот. Директорите се обвинети дека ги потплатувале властите на Македонија и на Црна Гора. Во Македонија корумпирањето започнало во 2005 година, а парите биле исплатени во договор со високи владини претставници, со цел да се спречи влез на нови мобилни оператори на македонскиот пазар, и да се задржи монополот на Маѓар Телеком и Дојче Телеком, преку Македонски Телекомуникации. Во Црна Гора парите биле исплатени за да се приватизира Црногорскиот телеком. Ова е втор процес што се води во САД за истиот случај. Маѓар Телеком и Дојче Телеком веќе им платија казна од 95 милиони долари на американските власти, поради овој случај.
Извор: Утрински весник