29.01.2013 Не стивнуваат рекациите во објавата во медиумите дека партијата ДУИ се финасирала од пари на министерства ,јавни претспријатија и општини.
Денеска Министертвото за земјоделство посочи дека не исплаќало пари,туку дека нивни вработени кои биле членови на ДУИ, лично доставиле трајни налози за одбивање на донации од нивните плати што било исто и како плаќање рата од кредит
Претседателката на „Трансапренси Интернешнл-Македонија”, Слаѓана Тасева смета дека и по ваквите тврдења на земјоделие сепак останува можноста дека раководителите членови на ДУИ би можеле на вработени членови на ДУИ да им исплаќаат финасиски награди, а овие пак парите преку банкарски транскации да ги исплаќаат во партиската каса,што би значело илегално финасирање од државниот буџет.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи вели дека начинот на финасирање на партијата бил нормален и легален.
Од своја плата функционерите на ДУИ даваат средства за нормално функционирање на партијата. Дали тоа ке го прават со траен налог од банката каде ја примаат платата или секој месец пуштаат средства е техничко прашање за кое одлучува функционерот.
Во извештајот што ДУИ го доставиле до Државниот завод за ревизија, стои дека фирми како АД Макеоднски пошти,општините Чаир, Липково и Струга, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, казнено-поправен дом, Студенстскиот дом „Пелагонија“, исплаќале пари без да има назнака дали станува збор за членарина или донација.
Извор: 24 Вести